Почина девојчето кое секоја година беше 8 години постара: Умре на 18-годишна возраст, како да имала 144 години

popara21 јули, 20211min0
ashanti-elliott-smith-830x0

Ашанти Смит имала таканаречен синдром Бенџамин Батон, поради што неконтролирано се старее.

Ашанти Смит, девојче од Западен Сасекс, кое страдало од ретка болест, синдром ХГПС, односно Хачинсон Гилфорд Прогерија, исто така познат како синдром Бенџамин Батон, почина на 17 јули, пренесува Дејли меил.

Во 2014 година, лекарите рекоа дека не очекуваат да живее подолго од нејзиниот 15-ти роденден. Храбрата девојка се бореше многу повеќе од тоа, но, за жал, почина на 18-годишна возраст. Лекарите велат дека таа имала тело на 144-годишник.

Тоа е исклучително редок синдром поради кој неконтролирано се старее – осум години за секоја година од нејзиниот живот.

– Таа почина со мене, татко и и нашите пријатели. Последното што ми рече беше: „Мораш да ме пуштиш да одам“, рече нејзината мајка, Фиби Луис Смит.

– Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата и влијаеше на подвижноста, но не и на животната радост. Ја обожавав, беше брилијантна и со неверојатен дух – изјави Фиби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma