Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, изјави неговиот публицист.
– Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс – се наведува во соопштението што го пренесе „BBC“.
– Почина мирно денеска во лондонска болница, опкружен со своето семејство – се наведува во соопштението.
Во него се вели дека тој бил „драг сопруг, татко и дедо“ и „еден од најголемите тапанари на неговата генерација“.
Во соопштението се додава: „Љубезно бараме да се почитува приватноста на неговото семејство, членовите на бендот и блиските пријатели во ова тешко време“.