Конечно сме во сезоната на рак, што значи дека владее знакот кој веројатно е еден од најемотивните. И покрај мислењето дека се лесни за манипулирани, како и дека се „меки“, ова се 15 одлики на хороскопскиот знак за кои астролозите велат дека се одлични заштитници, големи љубовници и големи пријатели.
- Тешко е да се измамат.
Раковите природно имаат многу рафинирана интуиција и многу ретко прават грешки кога мислат дека се во потрага на нешто. Тие се многу претпазливи и ги забележуваат дури и најмалите детали, така што да криете работи од нив не е добра идеа.
- Тие се многу сензуални.
Верувале или не, и покрај нивната срамежливост, тие се многу страствени љубовници и можат целосно да се релаксираат во сексот. Ако сретнат некој со кого се компатибилни во кревет, ќе има искра.
- Тие се многу емотивни.
Тие се најчувствителниот знак на Зодијакот и понекогаш им е тешко да ги контролираат своите емоции. Нивната чувствителност е многу заводлива и покажува колку се искрени, особено во врските.
- Тие се заштитници.
И покрај слаткиот изглед, тие знаат да се грижат за себе и никогаш нема да дозволат никој да ги згази нив или нивните пријатели. Тие ги обожаваат своите пријатели и би сториле сè за нив.
- Тие се полни со изненадувања.
Тие имаат многу неочекувани квалитети како креативност и спонтаност, а покрај тоа се полни со љубов и грижа.
- Тие исто така имаат многу негативни карактеристики.
Раковите можат да бидат многу песимистички и се едни од оние кои секогаш ја гледаат чашата како полупразна. Тие исто така се склони на промени во расположението и за само неколку секунди можат да паднат од крајна еуфорија во длабока депресија.
- Врските можат да бидат стресни.
Во врските, тие можат да го „задават“ партнерот, па мора да работат напорно за да не бидат нападни. Тие би сакале да ја поминуваат секоја секунда од денот со своите партнери и тешко е да им се остави простор на другата страна.
- Со кого се компатибилни во љубовта.
Најдобар избор за Рак е Шкорпија. Тие се многу компатибилни и функционираат одлично во врската. Тие прават динамичен пар со кој не е паметно да се игра.
- Тие се многу несигурни.
Тие се многу чувствителни и затоа знаат да им дозволат на другите да влијаат на нивното мислење. Потребна им е потврда од другите за да бидат среќни во врската.
- Тешко е да се излечи скршеното срце.
Тие имаат чувствителни срца, со кои не треба да се игра. Кога некој си игра со нивните чувства, за нив е многу тешко. Тешко е да се кренат повторно по прекинување и понекогаш им треба многу долго за да го сторат тоа.
- Влијание на Месечината.
Нивната преосетливост и силни емоции може да се припишат на нивната владејачка планета, Месечината. Тоа е планета на емоции и расположенија, со силно влијае на Раковите.
- Нивниот елемент е вода.
Водените знаци се интуитивни, чувствителни и сочувствителни.
- Како да ги заведеме?
Ако сакате да го освоите срцето на Ракот, мора да им покажете колку сте искрени. Тие бараат долгорочни врски и ја мразат мислата да губат време со некого. Ако сакате да ги придобиете, навистина мора да бидете искрени во врска со вашите чувства кон нив.
- Тие внимателно ги избираат своите пријатели.
Ако сте пријатели со рак, честитки, затоа што треба да бидете посебен вид на личност за да ги придобиете. Раковите не им веруваат на нови луѓе и им треба време да се дружат.
- Што ги иритира?
Тие немаат време за лоши луѓе и се многу иритирани од невнимателни луѓе кои мислат само на себе. Очекуваат многу од другите луѓе и затоа мразат кога некој ги игнорира.