Папараците го следат секој чекор актерот.
Светските медиуми не престануваат да пишуваат за последната прошетка на популарниот холивудски актер Бен Афлек со неговата мајка Сем и синот Самуел.
Имено, за време на оваа прошетка ништо немаше да биде чудно доколку актерот не застанеше кај златарницата на светски познатиот бренд „Тифани“, која меѓу другото е препознатлива по веренички прстени.
Поради оваа прошетка, почнаа гласините дека Бен Афлек се подготвува повторно да ја запроси Џенифер Лопез.
Бен Афлек влезе во продавницата со мајка си и синот, каде што остана некое време.
Актерот со себе носеше превиткана хартија, во која повремено се загледуваше, а по излегувањето од продавницата, разменуваше впечатоци со мајката и синот.
Дали актерот е подготвен да го направи следниот голем чекор со својата поранешна девојка Џенифер Лопез, времето ќе покаже.
Првиот свршенички прстен
Вереничкиот прстен што Бен Афлек ѝ го подари на пејачката во 2002 година, сѐ уште се смета за еден од најскапоцените прстени во светот.
Актерот плати 1,2 милиони долари за розов дијамантски прстен од 6 карати, потпишан од Хари Винстон, додека денес тој дијамант вреди десет пати повеќе, пишуваат светските медиуми.