Истражувањата покажуваат дека во денешно време, секој трет човек има проблеми со оваа појава. Киселината во желудникот се јавува кога долниот езофагеален сфинктер, мускулот што го затвора стомакот од горната страна, не е доволно затворен.
Потоа киселината се враќа во хранопроводот, што дава чувство на печење. Кога јадеме, овој мускул е отворен за да ја пушти храната во стомакот. Киселинатa обично се јавува околу еден час по оброкот.
Овие седум видови на храна можат да ја ублажат стомачната киселина и со тоа да спречат појава на некои посериозни проблеми.
- Зеленчук
Самиот зеленчук има многу малку маснотии и шеќери и помага да се намали киселоста во стомакот. Најдобрите опции кога станува збор за овој вид храна, се боранија, брокула, карфиол, лиснат зеленчук, компири и краставици.
- Ѓумбир
Ѓумбирот има анти-воспалителни својства и е природен лек за киселина во стомакот, како и за други гастрономски проблеми. Додадете рендан корен од ѓумбир во храната што ја подготвувате или едноставно направете ладен или топол чај од ѓумбир и испијте го.
- Овесна каша
Снегулките се многу чест избор кога станува збор за појадокот. Интегралните житарицисе исто така одличен извор на влакна, а храната богата со растителни влакна има ефект на намалување на стомачната киселина. Во прилог на овесна каша, леб од цели зрна или интегрален ориз, се исто така солиден избор.
- Некои видови овошје
Овошјето како што е дињата, бананите, јаболката и крушите поретко предизвикуваат киселина во стомакот отколку другите видови.
- Посно месо и риба
Посните видови месо, како пилешко, мисиркино, риба и морски плодови, имаат малку маснотии и ја регулираат појавата на стомачната киселина. Кога ги подготвувате, направете го тоа на скара, испечете ги или сварете ги, без да додадете премногу маснотии.
- Белки
Белките од јајца се секогаш добра опција. Избегнувајте жолчки, бидејќи имаат многу маснотии и можат да предизвикаат зголемување на киселината во стомакот.
- Здрави масти
Извори на здрави масти се авокадо, ленено семе, маслиново масло, масло од сусам, сончогледово масло и ореви. Намалете го внесот на заситени и транс масти и заменете ги со поздрави опции.