Подобрете ја нивната состојба: Ако имате кршливи нокти, пробајте ги овие природни решенија

popara6 октомври, 20211min0
Screenshot 2021-10-06 202733

Кога станува збор за ноктите, многу жени имаат проблем

Краставица

Ако имате проблем со кршење на ноктите, нанесувањето краставица може значително да ја подобри ситуацијата. Не само што е богата со витамини А, Е, Б1, Б2, Б3 и Ц, туку содржи и калциум и железо. Едноставно натопете ги ноктите со сок од краставица и држете ги 5 минути, секојдневно.

Вазелин

Вазелинот создава заштитен слој на ноктите и продира во внатрешноста, хидрирајќи ги и зајакнувајќи ги. Доволно е да нанесете тенок слој на ноктите секој ден, држете петнаесет минути, а потоа исплакнете со топла вода и неутрален сапун.

Масло од чајно дрво

Познато по своите неверојатни антифунгални својства, маслото од чајно дрво помага ноктите да се одржат здрави, но делува и во случај на габични инфекции. Нанесете неколку капки етерично масло од чајно дрво на сув и чист нокт секоја вечер додека не забележите резултати и бидете упорни.

Лимон и сода бикарбона

За зајакнување и избелување, исчистете ги ноктите со парче лимон или нанесете со памук и оставете да делува 10 минути. За подлабоко чистење, измешајте сок од лимон со сода бикарбона за да добиете смеса слична на паста и користете ја за добро да ги исчистите ноктите, користејќи мека четка за заби.

Масло од диво оригано

Ова масло содржи тимол, за кој е докажано дека има изразени антибактериски својства. Ако страдате од габа на ноктите или „сте закачиле“ некои бактерии, нежно протријте ги ноктите со памук натопен со масло од диво оригано.

Масажата со кокосово масло е добра и за кутикулите

Кокосовото масло ги хидрира вашите нокти, но и нивната околина, а влијае и на заноктиците. Нанесете неколку капки кокосово масло и масирајте ги ноктите и подрачјето околу нив додека се добро не се впие.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma