Во краток клип, sвездите Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис стојат еден до друг на настан, со грбот на камерата. Во еден момент, се чини дека триото го вика некој и се врти, а Паркер весело му мавта на тој некого.
Најавата за продолжението „Сексот и градот“ потоа се преместува на сцената со Паркер и Крис Ноте, кои играат и се бакнуваат во кујната.
Во новата серија, која се уште нема официјален датум на премиера, низ животот и љубовните радости и проблеми, како и пријателските врски, ги гледаме три од четирите главни ликови на „Сексот и градот“, кои сега се во педесеттите години.
За разлика од Ким Катрал, која не сакаше да се врати на својата позната улога на Саманта Џонс, многу други sвезди од оригиналната серија ќе се вратат на своите улоги, вклучувајќи ги Марио Кантоне, Дејвид Ајгенберг, Вили Гарсон и Јан Хендлер.
Актерската екипа, исто така, ќе ја комплетираат Сара Рамирез, Сарита Чудхури и Карен Питман како нови лица кои ќе се приклучат на серијата.
„Сите во „And Just Like That“ со ентузијазам ги прифатија овие неверојатни и талентирани актери кои се приклучија на семејството „Сексот и градот“. Сите тие ќе ја додадат својата единствена искра и нивното големо срце на овие нови ликови и приказни што ќе ги раскажеме “, рече извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.