Полна Месечина на 22 август: Пристигнува моментот на вистината

popara20 август, 20211min0
Screenshot_8

На 22 август ни доаѓа полната Месечина во Водолија.

Таа носи моменти на вистина за некои од нас, но и ослободување од оние луѓе со кои тешко функционираме во изминатиот период.

Првата полна Месечина во Водолија се случи минатиот месец, а може да се смета како влезна точка во оваа енергија, додека пак оваа втора Месечина е излезна точка. Тие работат во тандем, па ако нешто ви делуваше нецелосно на 23 јули, тоа може да се комплетира на оваа дата, на 22 август.

Таа силно ќе го осветли небото, но може да ви донесе и откривање на некои големи вистини, да ви донесе решенија, но и ослободување од нешто што ве мачело досега. Бидејќи се случува во знакот Водолија, можно е да се интензивираат промените, да се зголеми нашата желба за слобода и да донесе освтлување на сè она каде е потребна промена во нашиот живот.

Енергијата на Водолиите носи и уникатност, оддалечување од толпата и сигурноста и потреба да се направи некаква промена за да се подобри нашиот живот. Таа ги поттикнува иновациите, растот и согледувањето на работите низ нова перспектива. Бидејќи и Сонцето го завршува своето патување во знакот Лав за време на оваа полна Месечина, постои дополнително поттикнување на храбрата енергија.

Вообичаено, полната Месечина означување завршување, но оваа полна Месечина во Водолија носи креативна енергија. Така што, верувајте во себе, пробајте да не анализирате премногу и донесете одлуки за подобро живеење. Оваа енергија е силна и храбра и не плашете се од неа, таа доаѓа за добро. Не се осврнувајте на минатото, не го гледајте низ розови наочари, туку погледнете напред и започнете ново поглавје за себеси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma