
Пред 7 години се натпреваруваше на најпрестижниот избор за убавина, а и денес привлекува погледи на многу мажи ширум Светот.
Шпанската манекенка и поранешна мис Дезире Кордеро (28) подготви вистинско шоу за папараците на плажата во Канкун.
Имено, убавата Шпанка, која се прослави во јавноста затоа што беше во врска со Кристијано Роналдо, се валкаше по песокот додека нејзиниот пријател ја фотографираше, а поради минијатурното бикини што го носеше, таа стана главна атракција на плажата
За нејзината врска со најпознатиот фудбалер на Светот се пишуваше во 2016 година, а наводно го оставила своето момче поради него и се преселила во Мадрид.
Набргу откако се дозна дека тие се пар, шпанските медиуми објавија за тоа како го оставила, а протече и другата страна на приказната, според која Роналдо го иницирал раскинувањето бидејќи не му одговарало што нивната врска станала јавна .
Како и да е, и двајцата продолжија на љубовен план, а Кордеро брзо го замени Роналдо со уште еден славен фудбалер, Хоакин Кореа, со кого е во врска од 2018 година. После неа, Роналдо ја пронајде среќата во Џорџина Родригез, со ја го доби првото биолошко дете.
Дезире започна да се занимава со моделинг на 17-годишна возраст, а нејзината кариера се одвиваше по нагорна линија откако ја освои титулата „Miss Universe Spain“ во 2014 година.
Истата година, таа ја претставуваше својата земја на престижниот натпревар Mis Univerzuma и влезе во топ 10 најубави жени во Светот.