Поранешниот сопруг на Моника од „Пријатели“ ги шокираше гледачите со својата изјава: „Плачев кога имавме односи… мислев на неа“

popara1 јуни, 20211min0
b50dbdf07f85202d695f203917fd699365016b28

Актерот Дејвид Аркет, поранешниот сопруг на Кортни Кокс, призна дека плачел по првиот секс со друга жена, што следеше по разводот со ѕвездата на серијата „Пријатели“ со која помина 11 години во брак.

Нивниот брак траеше од 1999 до 2010 година, а годишнината од разводот доаѓа оваа недела. Во интервју дадено од 49-годишниот Аркет кратко по разводот, тој откри како доживеал слом, борејќи се да ја заборави интимноста што ја споделувал со неговата поранешна сопруга.

Во разговор со водителот Хауард Стерн, тој рече дека обидот да води љубов со друга е целосно „нова работа“ за него во тоа време.

Плачел после сексот со својата нова девојка

„После првата девојка со која спиев … Неколку дена подоцна … плачев. Тоа беше крајот на целата интимност што ја споделив со сопругата. Тоа беше нешто ново. Се чинеше дека сè ставам настрана од претходно“, рече тој искрено, а другата жена за која зборува е веројатно келнерката Јасмин Валц.

Иако Кортни Кокс и Дејвид Аркет објавија дека се разведуваат во 2010 година, нивниот развод беше финализиран дури во 2013 година, а самата вест за крајот на нивниот брак предизвика шок во светот на шоу-бизнисот. Поранешните сопружници од тој момент тргнаа на посебен пат, но останаа во пријателски односи, пред сѐ поради нивната сега веќе 16-годишна ќерка Коко.

Отворена врска

Во разговорот, Аркет отворено зборувал и за тоа како тој и Кокс биле сѐ помалку интимни во тоа време, што на крајот доведе до раскинување на бракот. По разводот, тој исто така го објасни ова во интервју за Штерн, велејќи: „Ние немавме односи, поминаа околу четири месеци или повеќе. Таа едноставно не сакаше да ми се приближи на тој начин. Знаеше дека ме разј****а со тоа и заедно со тоа ми рече да „правам сѐ што мислам дека треба да направам“. Во суштина, таа рече дека сум слободен да гледам други“.

Поранешните сопружници го завршија бракот во тоа време со заедничко јавно соопштение.

„Се согласивме привремено да се разделиме и тоа трае веќе некое време. Задоволни сме од границите што си ги поставивме еден на друг за време на периодот на разделба и се надеваме дека ќе ни покажат и пријателите, семејството, фановите и медиумите почит, достоинство, разбирање и љубов во ова време“, објавија Кокс и Аркет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag