Амор Ромеира е sвезда на шпанските таблоиди, учесничка во неколку реални шоуа, а особено остана запаметена по тврдењата дека спиела со многу фудбалери.
Амор е родена како маж, но го смени полот, а за првпат се појави во медиумите во 2007 година кога учествуваше во шпанската верзија на „Големиот брат“.
Амор беше особено запаметена по тврдењата дека спиела со многу фудбалери, особено со играчи на Реал Мадрид.
– Спиев со многу фудбалери, повеќето беа од Реал Мадрид. Дури и се заљубив во еден. Тој е многу познат фудбалер, а јас ја криев нашата врска од јавноста, таа информација ја споделив само со моите двајца најблиски пријатели – откри Амор Ромеира.
– Тој е прикриен хомосексуалец, но не смее да го каже тоа поради хомофобија во фудбалот – додаде Амор и со тоа ја заинтригира јавноста.
Сега Ромеира уште еднаш ја крена на нозе шпанската јавност кога објави уште една „провокативна“ фотографија.
Имено, на нејзиниот профил на Instagram се појави фотографија на која се бакнува со својата мајка и ја држи нејзината рака на градите.
„Единствената вистинска љубов си ти“, напиша Ромеира.