После 27 години брак, Бил и Мелинда Гејтс официјално ставија крај на нивната ЉУБОВ

popara9 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-09 224459

Бил и Мелинда Гејтс официјално се разведоа, пренесува ТМЗ, кој доби пристап до судските документи.

Се наведува дека имотот ќе се подели во согласност со договорот за развод. Странските медиуми пишуваат дека Мелинда и Бил се договориле што на кого ќе припадне кога одлучиле да се разведат. Исто така, Мелинда нема да го смени презимето.

ТМЗ пишува дека во судските документи стои дека тие немаат никакви проблеми со старателството над нивните три деца, со оглед на тоа дека тие повеќе не се малолетни.

Да се потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај.

“Во текот на последните 27 години, добивме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи во целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Ние остануваме посветени на таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но веќе не веруваме дека можеме заедно да растеме како двојка во следната фаза од нашите животи“, напишаа тие во соопштението.

Во брак беа 27 години. Тие се запознаа во доцните 1980 -ти кога Мелинда се приклучи на компанијата Бил Мајкрософт, и се венчаа во 1994 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma