После Џенифер Лопез, Сузана Гавазова ја обвини и Ники Минаж за копирање – Светските ѕвезди „крадат“ модни комбинации од фолкерката?

24 февруари, 2021
niki minaz gavazova

Сите сме запознаени веќе дека српската пејачка Јелена Карлеуша на неколку пати ги обвини американските старлети и пејачки дека ги „позајмуваат“ нејзините модни креации и стилки идеи, но по се изгледа ги инспирираше и нашите пејачки да ги проверат своите плакари па да го споредат модниот избор.

Покрај тоа што Каролина Гочева ја обвини Ким Кардашијан дека го украла нејзиниот евровизиски изглед од 2001 година, сега се почесто можеме да видиме како македонската фолкерка Сузана Гавазова се споредува со светски модни ѕвезди.

Неодамна, Сузе се спореди со латино дивата Џенифер Лопез односно пејачката најде фотографии од себе и Џеј Ло на која се облечени во иста модна комбинација, па своите следбеници ги запраша на која подобро и стои.

Овој пат направи нова паралела, па Гавазова се спореди со уште една светска ѕвезда, односно со раперката Ники Минаж.

Имено, пејачката објави фотографија од 2018 година на која е облечена во бела маица и корсет, а до својата фотка „залепи“ и фотографија од Ники Минаж која е облечена во сличен стајлинг како и македонската пејачка.

„Ники или јас“, напиша Гавазова покрај објавата.

Што мислите на која подобро и стои?

Преземено од skopje24.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris