Всушност, нејзините врски се оние за кои на моменти се зборуваше многу повеќе отколку за нејзините професионални успеси.
Ќерката на познатата манекенка Синди Крафорд привлекува внимание каде и да се појави. Иако има само 19 години, Каја Гербер веќе има пополнето безброј насловни страници, и тоа не само заради нејзината манекенска кариера, која, по примерот на нејзината славна мајка, е во нагорна траекторија.
Всушност, нејзините врски се оние за кои на моменти се зборуваше многу повеќе отколку за нејзините професионални успеси.
Младата манекенка неодамна потврди дека е во среќна врска со актерот Џејкоб Елорди, кој важи за еден од најпосакуваните момци во Холивуд. Иако многу дами ширум светот воздивнуваат за нив, Џејкоб во чекор ја следи својата девојка, која судејќи според фотографиите на мрежите, целосно го фасцинираше.
Тој покажа колку е галантен и заљубен за време на неговото вечерно излегување во Холивуд, кога се потруди да ја заштити Каја од бројните папараци, и за сето тоа време не и ја испушти раката.
Каја одбра прилично предизвикувачка комбинација, а од облеката најмногу погледи привлече црниот елек под кој не носеше ништо. Со ова издание, таа уште еднаш потврди дека е достојна наследничка на позната мајка која, како што е познато, беше една од најубавите жени во светот.
Кога станува збор за љубовниот живот на Каја, пред Џејкоб, таа се забавуваше со проблематичниот комичар Пит Дејвидсон, кој побара утеха во моделот откако раскина со Аријана Гранде. Сепак, нејзините родители не го одобруваа нејзиниот избор и врската брзо се расипа.
После тоа, следеше поврзување со колешката, исто така модел Кара Делавињ, а нивните фотографии каде што се многу блиски го обиколија светот со брзина на светлината.
Од друга страна, sвездата на „Еуфорија“ беше во врска со Зендаја, а пред тоа и со колешката Џои Кинг. Сепак, се чини дека и двајцата конечно запловија во мирно пристаниште и дека и двајцата конечно го најдоа потребното.