Последната порака на Стивен Хокинг: Светот го чека пресврт, од една работа ни нема спас!

popara9 септември, 20211min0
147717_dia_ls

Во книгата „Кратки одговори на големите прашања“, претставена вчера во Лондон, Хокинг проценува дека два настани од 2016 година – изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и референдумската одлука на Британците да ја напуштат ЕУ, се дел од глобален бунт против експерти, вклучително и научници.

Признавајќи дека науката допрва треба да понуди одговори за големите предизвици за човештвото – климатските промени, пренаселеноста, истребувањето на видовите, пошумувањето и деградацијата на океанот, Хокинг апелираше до младите луѓе „да ги погледнат ѕвездите, а не подолу.

  • Обидете се да му дадете значење на она што го гледате, запрашајте се што овозможува постоење на универзумот. Важно е да не се откажувате. Ослободете ја вашата имагинација. Обликувајте ја иднината – напишано е во последната книга на Хокинг.

Англискиот физичар сметал дека најголемата закана за Земјата е судир со голем астероид, како оној што ги уби диносаурусите.

„Сепак, ние немаме одбрана против тоа“, напиша тој.

Климатските промени се уште понепосредна закана.

  • Зголемувањето на температурите на океанот ќе ги стопи ледените капци и ќе ослободи голема количина јаглерод диоксид. И двете последици може да создадат клима како на Венера, со температура од 250 степени Целзиусови – предупреди Хокинг.

Еден од најценетите научници на денешницата почина во март на 76 -годишна возраст. Тој со децении страдаше од амиотрофична латерална склероза и користеше инвалидска количка, и зборуваше со помош на компјутерски синтисајзер.

Ќерката на Хокинг, Луси, која присуствуваше на денешната промоција на книгата, рече дека го доживеала слушањето на непогрешливиот глас на нејзиниот татко „многу емотивно“.

  • Се свртев затоа што очите ми се наполнија со солзи. Понекогаш чувствувам дека тој е се уште тука затоа што зборуваме за него и го слушаме неговиот глас и ги гледаме неговите слики, а потоа нешто не потсетува дека не напушти“, рече Хокинг.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma