Последната сезона од обожаваната серија „La casa de papel“ на Нетфликс, позната и како „Money Heist“, пристигнува на есен

popara26 мај, 20211min0
1468111

Нетфликс објави дека во септември ќе ја објави петтата и последна сезона на глобално популарната шпанска серија „La casa de papel“

Последната сезона со десет епизоди всушност ќе биде поделена на две полусезони, објави Нетфликс. Првите пет епизоди ќе бидат достапни на 3ти септември, а другите пет на 3ти декември.

Серијата за необичните разбојници на националната ковачница предводени од генијалниот „професор“ започна да се емитува во 2017 година на шпанската телевизија и се здоби со светска популарност откако нејзиниот потенцијал беше препознаен од Нетфликс и го презеде нејзиното понатамошно производство.

На глобално ниво серијата се емитува под името ‘Money Heist’.

Во подоцнежните сезони, групата се обедини и започна нов потфат, грабеж на Шпанската национална банка, каде останаа блокирани и мораа да најдат излез.

„Тогаш кога се чинеше дека ништо не може да тргне наопаку, на сцена стапи најсилниот непријател – војската. Се ближи крајот на најхрабриот грабеж во историјата, кој на крајот ќе се претвори во војна’, ја најави последната сезона авторот Алекс Пина.

Меѓу разбојниците, кои наместо со лични имиња се нарекуваат со имиња на градови, една од улогите ја игра хрватскиот актер Лука Перош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma