Последниот разговор помеѓу принцот Чарлс и принцот Филип пред неговата смрт ќе ве натера да заплачете
Тој секогаш мислеше на неговата сопруга
Во раните часови минатиот петок, кралското семејство беше напуштено од 99-годишниот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора. Откако помина еден месец во болницата, каде беше подложен на бројни тестови, но и на операција на срцето, пристигна дома. Додека јавноста веруваше дека тој добро се опоравува и се чувствува одлично, тој како да знаеше. Според извори блиски до семејството, тој имал голема желба да умре во својот кревет, а не во болница. Очигледно, оваа желба ја изразил и на неговиот син принцот Чарлс, чиј разговор излезе во јавноста.
За сето тоа зборуваше Роберт Џобсон, познат експерт и коментатор на кралското семејство. ‘Во емотивниот разговор крај болничкиот кревет, војводата го советуваше принцот Чарлс да се грижи за кралицата, кога него ќе го нема и за тоа како Чарлс треба да го води кралското семејство низ годините што претстојат. Филип му рекол: „Чувај ја кралицата“, опиша тој. Кралски извор му рекол на г-дин Џобсон дека Филип „бил целосно свесен дека веројатно нема да се опорави по една недела во болница“. „Тој сакаше да умре во својот кревет, зад sидовите на замокот Виндзор“, заклучи Роберт, докажувајќи уште еднаш колку била силна љубовта помеѓу принцот и кралицата.
Инаку, Филип и Чарлс немаа силна врска, како што принцот имаше со неговата мајка. Нивните ставови и мислења честопати беа сосема спротивни, но во последниве години тие сепак успеаја да најдат одредена рамнотежа. Сфатија дека е време да ги почитуваат туѓите мислења и да не ги нарушуваат нивните сопствени интимни односи меѓу татко и син.
„Тие отсекогаш се сакале – тоа никогаш не беше доведено во прашање. Но, имаше подлабоко почитување и тоа растеше. Делеа заеднички јазик за идната насока на монархијата, за верските прашања – дури и за животната средина. И двајцата веруваа во меѓуверски дијалог и дека отворените и искрени разговори можат само да помогнат во зајакнувањето на заедниците и разбирањето “, рече авторот.