Натали е уште една убавица од познатиот клан Кардашијан-Џенер, а мама Крис Џенер се погрижила оваа девојка да не се прослави.
Во последните неколку години се шират гласини за таен член на кланот Кардашијан – Натали Зетел, внуката на Крис Џенер, поточно ќерката на нејзината сестра Карен Хотон.
Нејзините фотографии со сестрите Кардашијан можете да ги најдете со прелистување на стари објави на Инстаграм.
Но заеднички фотографии со Натали не се објавени од 2016 година, а причината е повеќе од бизарна. Имено, Натали со години успешно се занимава со манекенство, а во 2016 година Кендал влезе во светот на манекенството.
Познато е дека нејзиниот пробив во светот на модата не помина без контроверзии, а иако денес е една од најплатените модели, сепак многумина веруваат дека тоа немаше да се случи без влијанието на нејзиното познато семејство, особено мајката и менаџерката Крис Џенер.
Со оглед на тоа што Натали беше сè повеќе барана во нејзината работа, а кариерата на младата Кендал не тргна нагорно како што замислуваше Крис, таа реши да ги промени работите. Наводно, почнала да шири лажни приказни за нејзината внука, поради што Натали добива се помалку и помалку ангажмани, а таа се потрудила да и ги затвори сите врати од модната индустрија.
Оттогаш Натали не објавува фотографии со сестрите Кардашијан, а Крис се огради од какви било крвни врски со младата манекенка.
Натали во меѓувреме се откажа од шетањето по пистата и стана инфлуенсерка, а иако наводно не е во добри односи со Крис, сепак е блиска со познатите сестри.