Либидото варира од личност до личност. Меѓутоа, ако ви се случува постојано да е високо, можеби ќе треба да се запрашате дали е се во ред.
Што е нормално кога станува збор за сексуалниот нагон?
Експертите тврдат дека тоа не е толку лесно да се утврди. Желбата за секс варира во текот на животот.
Во суштина, експертите велат дека нормален сексуален нагон е оној што прави да се чувствувате пријатно – без разлика дали станува збор за секс еднаш месечно или неколку пати неделно.
Меѓутоа, ако сметате дека сте премногу сексуално возбудени, ова може да бидат некои од причините:
1. Многу ве привлекува вашиот партнер
На почетокот на врската, тоа обично е случај. Тогаш страста е најизразена, возбудата е многу голема, хормоните дивеат.
2. „Зависни сте“
Сексуалната зависност е слична на „зависноста“ од видео игрите, употребата на мобилниот телефон или гледањето порнографија. Сепак, овие однесувања не се слични на зависностите од хероин, алкохол или кокаин – објаснува Меланкон.
3. Имате хиперсексуално нарушување
– Хиперсексуалноста може да влијае на функционалноста на поединците и да предизвика загриженост во врската – вели Меланкон.
„Сексот може да се користи како механизам за справување, слично како што некои луѓе пијат алкохол или земаат дрога за да избегнат справување со нивните чувства и проблеми“, додаде таа.
Што да се прави?
Доколку прекумерното либидо ви пречи во секојдневното функционирање, консултирајте се со стручно лице за помош.