Според светските медиуми, парот тој ден одел на шопинг
Сега дефинитивно нема сомнеж дека Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во љубовта по 17 години, колку што помина откако тие ја раскинаа свршувачката.
Славната двојка беше фотографирана во Хемптонс во саботата на 3 јули,прегрнати уживајќи во опуштена прошетка.
Обожавателите се воодушевени од нежноста што Џенифер му ја покажува на Бен, бидејќи таа постојано го галела.
Според светските медиуми, парот тој ден отишол на шопинг, а откако го направиле она што го имале, се упатиле кон нејзиниот дом на ова место.
Патем, парот беше фотографиран малку порано во паркот со децата – близнаците на пејачката Ема и Макс, и синот на Бен, Самуел.