ПОВЕЌЕ ШТЕТА ОТКОЛКУ КОРИСТ: Ставањето тоалетна хартија на WC школката е голема грешка! Еве зошто

3 јануари, 2021
wc-zahod-mokrenje

Во јавен или тоалет во кафуле, повеќето луѓе ја ставаат тоалетната хартија на даската во тоалетот, бидејќи сметаат дека тоа ќе ги заштити од разни бактерии. Но, ефектот е сосема спротивен.

Иако хигиената на овие места не е на завидно ниво, не треба да користите тоалетна хартија како заштита. Можеби изгледа како паметна идеја и ефикасно решение, но всушност може да доведе до заразување уште побрзо.

Главната причина зошто не треба да користите тоалетна хартија на овој начин е фактот дека луѓето не ја ставаат даската на WC школката кога ја исплакнуваат водата и така голем број на опасни материи се пренесуваат на хартијата.

Најдобра заштита е миење раце

„Покривајќи ја WC школката со тоалетна хартија, голем број вируси и фекални бактерии можат да се пренесат на кожата“, велат експертите од медицинскиот центар Њу Јорк Лангоне.

Студија спроведена на нивниот оддел за микробиологија открива дека по ослободувањето на водата, капките може да завршат на висина од скоро два метри и со тоа да се распрснат насекаде. Токму во овие капки се кријат фекалните бактерии, кои завршуваат на тоалетна хартија, која се наоѓа веднаш до тоалетната чинија.

Значи, навиката да ја покривате таблата со тоалетна хартија не ве заштитува од вируси и бактерии, но всушност ги приближува уште повеќе.

Најдобар начин да се обезбеди здравје и заштита од вируси и бактерии е темелно да ги миете рацете по употреба на тоалетот.