
Полусестрата на познатата Кејт Мос – Лоти е исто така модел, но очигледно нејзините ангажмани на тоа поле не одат добро, бидејќи неодамна објави дека во иднина ќе продава лакомирни фотографии и видеа на платформа 18+.
Оваа вест предизвика значителна конфузија кај нејзините обожаватели, но и остри критики во јавноста – многумина сметаат дека овој чекор е несоодветен. Патем, на таа платформа, сликите се продаваат од 3 eвра па нагоре.
Така, таа неодамна сподели серија слики со нејзината пријателка Сахара Реј, инфлуенсер и поранешна девојка на Џастин Бибер, и двете дами позираа во нежни, пастелни фустани изведувајќи заводливи пози. Како што се очекуваше, фотографиите собраа многу лајкови и пофални зборови.
Во медиумите се шпекулира и дека нејзината агенција за модели прави се за да ја спречи да продава свои голи слики, од страв дека ќе и ја уништи кариерата. Исто така, извори тврдат дека сакаат да ја „спасат од сама себе“, а членовите на нејзиното семејство се плашат дека таа веќе ја саботирала својата иднина.
“Овие фотографии и патот по кој ќе се движат ќе влијаат на нејзината иднина како модел, но и на жените. Што ако еден ден сака да работи нормална работа”, изјави неименуван извор.




