Префинето И Со Вкус: Ѕирнете Во Новиот Дом На Миа Костова (Фото)

popara13 октомври, 20212min0
mia

Домот е местото на кое секогаш се навраќаме, местото каде го поминуваме најголемиот дел од животот, место каде поминуваме низ убави и помалку убави, правејќи колаж од спомени поминати во нашиот дом, куќа, стан.

Постои една поговорка која вели: „Кај и да си, дома да си“, а токму неа ја практикуваат оние кои се далеку од дома, кои  едвај чекаат каде и да се да си дојдат дома, особено период кога доаѓаат празниците, па семејството се собира.

Поранешната македонска водителка на „Бекстејџ“, а сега инфлуенсерка, Миа Костова е активна на социјалните мрежи, па речиси секогаш споделува со нејзините следбеници што има ново, како го поминува времето, кога прави промени, разговара на разни теми, како здравествени, така и нешто поврзано за нега на кожата, споделува приватни моменти. Водителката е „отворена“ за своите следбеници кои ја следат.

Костова неодамна откри дека се преселува во нов стан, а сега одговараше на прашања на нејзините следбеници, па покажа како изгледа нејзиниот нов дом.

Имено, некој од следбениците ја праша каде се преселиле, а таа откри дека нејзино ново место на живеење е Капишетец.

Таа објави и колаж од фотографии од новиот стан, а според приложеното може да се забележи дека преовладува крем и бела боја и изгледа префинето и со вкус, без многу натрупани детаљи, модерно и уредено.

Миа откри дека се преселила од Аеродром во Капиштец бидејќи е центарско дете, поради работните обврски и поради училиштето на Андрија.

Водителката одговори и на прашањето дали и пречи што нема влез во кафулиња и трговски без вакцина, па откри како го поминува времето.

„Дома, многу сакам дома, не ми недостига ништо, моловите ич.  Имам проблем со состаноци кои најчесто се по кафичи, ама во овој случај се по фирми, што исто така не менува многу“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag