Таа тврди дека не личи …
Лиза Транел стана хит на „ТикТок“ откако многумина забележаа дека неверојатно личи на актерката Џенифер Анистон.
На неодамнешното видео што го објави на таа платформа, Лиза имитираше сцена од серијата „Пријатели“ во која играше Рејчел Грин (ја играше Џенифер). Корисниците на ТикТок не можеа да не ја забележат сличноста со познатата актерка.
„Навистина мислев дека ова е Џенифер Анистон“, „Знам дека ти е преку глава глава од коментарите дека личите, но тоа е толку точно“, се само некои од коментарите.
Луѓето и пишале толку многу пати дека изгледа како актерка што Лиса во описот на својот профил на ТикТок напиша ека „ не е Џенифер Анистон“. Лиза се огласи за целата ситуација на Инстаграм.
“Последните неколку дена беа луди. Моето видео од ТикТок стана вирално бидејќи сите мислат дека изгледам како Џенифер Анистон. Јас лично не мислам дека изгледам како неа, а ниту моето семејство мисли така”, рече Лиса.