
На фотографијата каде Меган Маркл го покажа трудничкиот стомак, еден дел од телото на принцот Хари украде внимание.
Принцот Хари и Меган Маркл на Денот на вљубените открија дека очекуваат уште едно дете, а среќната вест беше придружена со нивната нова фотографија на која Меган го покажа трудничкото стомаче.
Црно-белата фотографија на која Меган лежи на тревата со главата во скутот на Хари е направена од фотографот Мисан Хариман, кој ја искористил на својот Инстаграм за да им честита на парот, а на многумина им пречи еден детал на фотографијата.
Имено, социјалните мрежи беа преплавени со смешни коментари за голите и валкани нозе на Хари, кои го украдоа целото внимание на фотографијата.
“Честитки за Хари и Меган … но дали имаше сериозна потреба Хари да биде бос на фотографијата?”, “Некој мора да купи чевли на принцот Хари. Ужасни стапала”, се само некои од многуте коментари под фотографијата, и покрај тоа што објавата собра скоро 100 илјади лајкови за само 15 часа.
Покрај стапалата на Хари, обожавателите на кралското семејство забележаа врска и со принцезата Дијана.
Имено, Хари и Меган објавија дека го чекаат своето второ дете на истиот датум кога пред 37 години се дозна дека покојната принцеза е бремена и го носи принцот Хари.