Принцот Хари и Меган Маркл собираат донации за вакцинација во сиромашните земји: „Сè додека сите, насекаде, немаат еднаков пристап до вакцината, светот нема да се опорави од пандемијата“

popara7 мај, 20211min0
хари и меган ју тјуб

По повод вториот роденден на неговиот син Арчи, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија да апелираат на донатори за финансиска поддршка на акцијата, така што вакцините против вирусот корона ќе бидат достапни и за сиромашните земји.

„Иако чувствуваме дека враќањето кон нормалноста е приближно, знаеме дека во голем дел од светот, а особено во земјите во развој, кампањите за вакцинација сè уште не се започнати“, рече парот, кој се повлече од британското кралско семејство и сега живее во сојузната американска држава Калифорнија.

Парот ги повика луѓето да донираат што повеќе во семејствата во најранливите земји низ светот за да можат да вакцинираат против коронавирусот.

„Сè додека сите, насекаде, немаат еднаков пристап до вакцината, светот нема да се опорави од пандемијата“, рекоа тие.

Собраните средства ќе бидат донирани на Алијансата за вакцини (ГАВИ), партнерство на јавни и приватни организации што ја координира дистрибуцијата на вакцините до сиромашните земји.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma