Принцот Хари зборуваше искрено: „Првиот збор на Арчи навистина ме растажи“

popara23 мај, 20211min0
image_2021-05-23_051827

По шокантното интервју што принцот Хари со својата сопруга, 39-годишната Меган Маркл го дадоа на водителката Опра Винфри, тој повторно зборуваше за кралското семејство во неговата нова документарна серија „The Me You Can Not See“. Тој се осврна на неговиот сега двегодишен син Арчи и призна дека неговиот прв збор го растажил многу.

‘Освен мама и тато, првиот збор на Арчи беше баба. Баба Дијана. Тоа е најслаткото нешто, но во исто време многу ме растажи затоа што таа треба да биде тука, а не е“, рече Хари. Тој додаде дека во градинката на Арчеи на ѕидот имаат фотографија од принцезата Дијана, која Арчи ја препознал и рекол „баба“. Патем, Хари уште во март откри дека еден од првите зборови на малиот Арчи бил крокодил. „Син ми е смешен, има одлична способност, тој веќе составува реченици и пее песни“, го пофали Хари неодамна.

archie

Инаку, Арчи го прослави својот втор роденден на почетокот на мај. Фановите на кралското семејство ширум светот со нетрпение ја очекуваа неговата најнова фотографија. На крајот, Меган и Хари ја објавија на веб-страницата на нивната јавна организација Арчевел. Момчето на фотографијата држи балони пред вилата во Монтесито, населба во Калифорнија каде што двојката живее со малиот син. Но, објавувањето на фотографијата предизвика неочекувани реакции.

Archie

Нивните обожаватели беа револтирани што не го виделе лицето на Арчи, што не се случи прв пат. „Дали се срамат да го покажат лицето на Арчи? Сигурен сум дека е премногу симпатичен. Ние секогаш ги гледаме децата на Вилијам и Кејт, зошто да не и Арчи? ‘, напишаа тие. Но, некои од обожавателите застанаа во одбрана на војвотката и војводата од Сасекс и напишаа дека нивниот син има право на приватност затоа што сè уште е дете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag