Принцот Вилијам призна како всушност се чувствува во кралската палата, откако Хари изјави дека е „заробен“

popara22 март, 20211min0
Inside-Prince-William-and-Prince-Harry-Relationship-Over-the-Years-07

Во интервју за Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл, принцот Хари истакна дека неговиот татко Чарлс и брат му Вилијам се „заробени“ во системот на британската монархија, но Вилијам не се согласува со него. Извори блиски до кралското семејство тврдат дека Вилијам ја прифатил неговата улога во кралското семејство и го одобрил патот наменет за него. Имено, Вилијам е втор во низата за британската круна, веднаш по неговиот татко Чарлс.

Тој исто така смета дека Хари ги претерал своите тврдења и не се согласува со неговиот брат за тоа што го кажал. „Вилијам е примерен внук и ја почитува должноста што му беше дадена при раѓањето“, изјави извор близок до кралските браќа за британските медиуми.

“Бев заробен. Не гледав излез од тоа и бев заробен толку многу што не бев ни свесен за тоа”, ѝ рече Хари на популарната водителка. На прашањето подетално да објасни што значи тоа, Хари ѝ рече на Опра дека е заробен во истиот систем како и остатокот од неговото семејство.

Меган и Хари, меѓу другото, го обвинија британското кралско семејство за расизам, кој одекна како бомба во јавноста. Вилијам тогаш видно луто му одговори на неговиот брат и рече што мисли за обвинувањата. „Апсолутно не сме расистичко семејство“, принцот одговори тогаш на прашањето на еден од собраните новинари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma