Принцовите Хари и Вилијам се согласија: незаборавната венчаница на принцезата Дијана ќе биде изложена за прв пат по 25 години

28 април, 2021
1451162

Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде javno изложена во палатата Кенсингтон, откако нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари, се согласија да го позајмат легендарниот и незаборавен фустан.

Дијана го носеше познатиот фустан, кој беше украсен со вел од дури 7,5 метри, на нејзината венчавка со принцот Чарлс во катедралата Свети Павле во Лондон во 1981 година. Јавноста од јуни годинава на тој начин ќе има можност во кралската резиденција во западен Лондон каде живееше Дијана, да ја види венчаницата со најдолг шлеп во кралската историја.

Фустанот, дизајниран од Дејвид и Елизабет Емануел, е украсен со мноштво светки, бисери и античка чипка која првично и припаѓала на кралицата Мери. Деликатно заобленото деколте и големите надуени ракави обрабени со машни и раскошни тафтили, стил популаризиран од принцезата во раните 1980-ти. Фустанот е во сопственост на синовите на Дијана, принцовите Вилијам и Хари, кои во оваа прилика го позајмија за изложба, а ќе биде изложен во палатата Кенсингтон за прв пат по 25 години.

Под називот „Кралскиот стил во творењето“, претставата ќе се осврне на темата за односот помеѓу дизајнерите и нивните кралски клиенти. На изложбата ќе има и ретка ткаенина која е зачувана од 1937 година и беше искористена за да се направи фустанот за крунисување на Елизабета, мајката на кралицата и сопругата на кралот Џорџ Шести.

tportal

Модните комбинации на Дијана беа внимателно следени и документирани, и пред и по нејзиниот брак со Чарлс, а раскошната венчаница ги воодушеви кралските фанатици во 1981 година. Модните избори и додатоци на Дијана и денес се многу носливи, па во март Меган, војвотката од Сасекс, носеше нараквица на Дијана за време на интервјуто со Опра Винфри.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris