ПРИРОДЕН БОТОКС, ВЕДНАШ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ! Домашна маска за затегнато лице

popara13 јули, 20211min0
profimedia-0318369268_1

Подготовката на оваа маска е едноставна, а ефектите се видливи по првата употреба!

Затегнато лице без брчки е сон на многу жени.

Доколку сте забележале нови брчки и знаци на замор на лицето, ви предлагаме да ја направите оваа одлична маска. Едноставна е и многу ефикасна.

Оваа маска хидрира, ги отстранува трагите на замор и ситните брчки, кожата станува затегната, еластична и мазна.

Веќе не мора да трошите многу пари за да купите разни креми и маски за лице, кога самите можете да ги направите многу ефикасни.

Рецепт за маска за лице

Состојки:

  • Густин – 1 лажица
  • Свежо исцеден сок од морков – 5 лажици (ако немате соковник, изблендирајте го сечканиот морков во блендер и исцедете го преку цедалка)
  • Кисела павлака – 1 лажица

Растворете го густинот во половина чаша ладна вода. Истурете го разредениот густин во тенџере и додадете 100 мл врела вода.

Ставете го на шпорет и варете го на тивок оган додека не се згусне. После тоа, кога смесата ќе се олади малку, додадете свежо исцеден сок од морков и кисела павлака.

Добро промешајте и ставете на исчистено лице да стои 25-30 минути (најдобро е ако можете да направите пилинг за лице пред да нанесете маска). Исплакнете ја маската со топла вода и нанесете хранлив крем на лицето.

Ставете ја преостанатата количина на маската во фрижидер. За подобар ефект, ставете ја маската 3 дена по ред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma