Кендал Џенер, воедно и најплатената манекенка во светот, и после тренинг изгледа како милион долари.
Меѓу сестрите Кардашијан-Џенер, таа остана единствената која не зголеми ниту еден дел од телото. 25-годишниот супермодел Кендал Џенер моментално е најплатената манекенка во светот, а многумина ја оспоруваат нејзината титула затоа што влезе во индустријата како етаблирана ријалити ѕвезда и ќерка на најуспешната мамаџерка на светот – Крис Џенер.
Џенер на Инстаграм ја следат речиси 200 милиони следбеници кои верно ја следат секоја нејзина објава, но често се случува некој да ја „испере“ поради нереалниот изглед на фотографиите во споредба со тоа како изгледа во живо.
Сепак, кога ќе видиме некои папарацо фотографии во странските медиуми, а знаеме дека не поминале низ сто филтри, ни станува јасно дека Кендал е навистина природна убавина. Така сега ја фотографираа како излегува од час по пилатес, па дури и во сосема природно издание, лицето и е прекрасно, без разлика што го криеше со наочари.
Таа се возеше во нејзиниот сив џип, еден од милениците на четири тркала од нејзиниот возен парк.