Популарната холивудска актерка Шерон Стоун (63) не престанува да го привлекува вниманието на јавноста…
Пред неколку часа, Шерон Стоун објави фотографија на својот Instagram во дводелен костим за капење и им посака среќно лето на своите следбеници. Со насмевка, природна, без Фотошоп, Шерон покажа, како што напишаа нејзините следбеници, дека сепак е харизматична, убава и привлечна.
Вниманието на нејзините следбеници го привлече и изгледот на нејзиното мало куче.
Пред еден месец, во интервју за шпанското издание на списанието Elle, таа рече:
– Можеби мојата убавина и магнетизам сè уште не се исчезнати. Тоа потекнува од здравје, благосостојба и младост и носи самодоверба. Кога ја работите оваа работа во која сите почнуваат да ви кажуваат дека ја немате повеќе, вие почнувате да верувате во тоа – спомна актерката Шерон Стоун.