Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек беа фатени во љубовен занос пред две недели, потврдувајќи ги повеќемесечните шпекулации за нивната обновена љубов. Колку е среќна една од најпознатите жени на светот, покажува и насмевката која не ја тррга од лицето, а тоа го забележаа многу обожаватели кои со ентузијазам ја прифатија веста за помирувањето. Како и да е, како што е напишано, парот веќе се сретнал со првите проблеми кои многумина ги потсетија на нивната врска од минатото.
Имено, секогаш се чинеше како Џеј Ло да сака да го контролира Бен, и на некој начин да го натера да живее според нејзините правила. Токму тоа се случува и во моментот, пишува National Enquirer.
Според таблоидот, Џеј Ло има цела листа на лоши навики на Бен што сака да ги промени, а сето тоа треба да се случи пред Бен да се пресели кај неа, барем кога станува збор за еден порок. „Таа му рече дека мора да престане да пуши што е можно побрзо. Џен е многу чиста и свесна за квалитетот на воздухот и не го сака мирисот што се лепи на сè, освен што ги уништува забите“, открива инсајдерот.
Но, пушењето не е единственото нешто што Џеј Ло би го променила. И пречи и неговата тетоважа со феникс на грбот. „Таа го убедува да ја тргне со ласер“, истакнаа упатените, но желбата за промена не застанува тука. Имено, пејачката вежба секој ден, а исто така сака и Бен да започне да го следи нејзиниот строг режим и да се откаже од нездравата храна, слатките и леденото кафе. „Бен дава се од себе, но тоа е преголема промена на животниот стил и се шегува дека Џен е повеќе генерал отколку девојка“, заклучува инсајдерот.