Лицето е огледало на здравјето, особено кај одредени и периодични проблеми. Нивната најчеста причина е нездравата исхрана, како и слабата толеранција на организмот и реакцијата на некои видови храна.
Докторот и натуропат Нигма Таиб претстави инфографик кој ги открива последиците во форма на четири типа на лица – она чувствително на вино, алкохол, шеќер, глутен и млечни производи.
1. Винско лице
Типични симптоми се изразени брчки помеѓу веѓите, црвенило околу очите, спуштени очни капаци, зголемени пори, дехидрирана кожа со првут по образите, црвеникави образи и нос, како и длабоко засечени линии под носот кон усните. Причината е прекумерна консумација на алкохол. Ја дехидрира кожата што ја влошува појавата на брчки, а шеќерот во алкохолот го уништува колагенот во кожата.
2. Глутенско лице
Типични симптоми се отечени и црвени образи, акни што се појавуваат по должината на работ на вилицата, како и точки на пигментацијата околу брадата. Се проценува дека околу 15 проценти од луѓето се чувствителни на глутен, а најчеста последица е „отечено лице“ што произлегува од воспаление, кое телото го произведува како одговор на глутенот што не може да го свари. Честа состојба е розацеа – зголемено црвенило и кожата е проѕирна со изразени капилари.
3. Млечно лице
Типични симптоми се отечени очни капаци, како и областа под очите со изразени темни кругови под очите. Ситни бели мозолчиња често се појавуваат на лицето, особено во областа на брадата. Сите овие можат да бидат знаци дека телото не толерира лактоза поради губење на одредени ензими. Некои од причините може да бидат хормони кои често ги има во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, крем …
4. Шеќерно лице
Во лицето на индивидуата чувствителна на шеќер, најчести симптоми се брчки и линии на челото, оток на подрачјето под очите, како и чувство на сувост, истенчување на кожата. Исто така чести се болни, поткожни мозолчиња кои можат да се појават на која било област на лицето. Шеќерот е предизвикувач на процесот во кој молекулите на глукозата се врзуваат за колаген, што го прави крут, а кожата ја губи еластичноста.