ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВЕДНАШ: Најчестите лаги што мажите ги кажуваат на првиот состанок

popara18 август, 20211min0
Screenshot_2

Не е на одмет да се знае…

Сосема е природно што ниту мажите ниту жените не сакаат да ги отворат сите карти на првиот состанок. Двете страни се склони кон претерување, а многу мажи, исто така, имаат тенденција да кажуваат одредени лаги за одредени работи.

Според истражувањето на порталот „YourTango“, ова се најчестите теми за кои повеќето мажи „ќе ја разубават вистината“:

Финансиската состојба

Без разлика дали сакаат да признаат или не, жените честопати ги оценуваат мажите според состојбата на нивната сметка и нивната способност да ги издржуваат своите семејства. Затоа мажите честопати имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со автомобили, часовници и сличен имот, со цел да ја импресионираат потенцијалната партнерка.

Стамбено прашање

Ако веднаш ви признае на првата средба дека живее со цимер или со родителите, најверојатно нема премногу да ве воодушеви. Поради тоа, може да се случи тој да излаже дека живее сам, и да го претстави својот цимер како пријател на кого му прави услуга да преспие неколку дена.

Гледање со други жени

Ова е навистина една од најчестите лаги на првиот состанок. Се разбира, тие нема да ви кажат дека имало друга девојка на вашето место претходниот ден, кој би сакал да се претстави како женкар?

Фитнес навики

Научил дека силните стомачни мускули се вашата слаба точка, па може да излаже дека почнал да работи на нив, пет пати неделно, во теретана (во која најверојатно не е ниту член).

Последното раскинување

Ако изневерил или направил нешто слично во неговата претходна врска, најверојатно нема да дознаете брзо, особено не на првиот состанок.

Вистински намери со вас

Можеби тој навистина сака да воспостави длабока врска со вас, а можеби само го вели тоа за да ве одведе во кревет. Тешко е да се знае, особено ако не сте го знаеле порано. Затоа, не бидете наивни и дозволете си да се запознаете добро навреме, за да одредите дали тој има искрени намери со вас, или станува збор за нешто друго, површно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma