Семејство кое знае да се радува, но и да покаже љубов
Семејствата Ражнатовиќ и Оцокољиќ денес имаат причина да слават.
Имено, тоа е роденденот на внуката на Цеца, Хелена Оцокољиќ.
Ќерката на Лидија, сестрата на Цеца, денес наполни 16 години, а пејачката ја однесе кај нејзиниот тим за да ја нашминкаат и да и направат фризура.
Пејачката сподели фотографија од малата Хелена на Инстаграм и покажа колку ја сака:

– Моја убава Хелена, нека ти е среќен роденденот! Те сака тетка ти – напиша Ражнатовиќ во описот, а коментарите само се нижеа.
Покрај Цеца, на својот профил на Инстаграм и честиташе и Анастасија со емотивна порака:

– Кукла моја убава. Како вчера да се роди и те држев во раце, а сега прерасна во преубава, препаметна и најдобра девојка. Те сакам најмногу – напиша Анастасија.