Тироидната жлезда знае да предизвика многу проблеми, а симптомите кои укажуваат на проблеми со неа често се шират и се припишуваат на други болести. Тироидната жлезда е жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во предниот дел на вратот.
Од витално значење е затоа што влијае на скоро сите органи во телото. Таа е одговорна за производство на хормони и нивно регулирање, влијае на метаболизмот и индиректно на тежината и дигестивниот систем.
И, постои еден едноставен тест што можете да го користите за да откриете дали тироидната жлезда е компромитирана. Сè што ви треба за овој тест е чаша вода и огледало. Земете неколку голтки вода и набљудувајте во огледалото дали има големи промени во вратот при голтање, како што се испакнатини или големи разлики во големината.
Ако забележите испакнатини, не треба веднаш да се плашите од најлошото, бидејќи тоа не укажува автоматски на рак, но секако би било одлично да се консултирате со лекар за да отстраните сомневање за можни неправилности.