Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се огласи од болницата.
„Ви благодарам на сите за прекрасните пораки, тие ни значат многу на мене и моето семејство. Добро сум, колку што е можно со оглед на околностите. Треба да поминам уште неколку прегледи, но се чувствувам добро“, напиша Ериксен и им посака среќа на неговите соиграчи на претстојните натпревари на Европското првенство.
Да потсетиме, во 42-та минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска, Кристијан Ериксен одеднаш падна. Сега неговиот живот повеќе не е во опасност.