Овој десерт може да се јаде ладен, но првично се служи и е многу повкусен кога се јаде топол.
Состојки:
1 векна стар леб
300 мл млеко
300 гр сушено мешано овошје
1 дуња или јаболко (со лушпа)
1 лажица кафеав шеќер
40 гр прашок за пециво
2 јајца
неколку капки исцеден лимон
1 лажичка цимет
100 гр стопен путер
шеќер во прав за сервирање
сладолед
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Подмачкајте го плехот, по можност најдобро би било да има квадратна форма.
Прво треба да исечете стар леб, со целата кора. Потоа потопете мали парчиња леб во млеко и чувајте околу 10 минути додека не се формира кремаста смеса.
Во оваа смеса додадете рендан дуња или јаболко, потоа останатите состојки и половина од растопениот путер и потоа добро измешајте.
Истурете ја смесата во плех за печење и истурете го остатокот од растопениот путер врз површината.
Печете во средината на рерната помеѓу час и 15 минути до час и половина.
Кога десертот ќе се испече, посипете со шеќер во прав и послужете го топло со сладолед или крем (по желба).