Калиумот е минерал без кој многу метаболички процеси во организмот воопшто не би биле можни.
Важен е за правилно функционирање на мозокот, срцето и мускулите и регулирање на високиот крвен притисок. Симптоми кои укажуваат на недостаток на калиум во организмот се замор, слабост, грчеви, депресивно расположение, гадење, срцева слабост, непријатност, висок крвен притисок, чешање на ушите, постојано чувство на жед.
Можете да внесувате доволно калиум во вашето тело преку храна, а најмногу го има во бананите, авокадото, спанаќот, слаткиот компир, лубеницата, кокосовата вода, гравот, блитвата, цвеклото и калинките.
Ви донесовме рецепт за пијалок кој има супер моќен ефект врз здравјето, полн е со калиум, а покрај тоа содржи и растителни влакна, протеини, витамини и железо. Направен е едноставно и ви дава доволна доза на калиум, но исто така го зголемува нивото на енергија и одлично влијае на имунитетот.
Состојки:
1 банана
1 чаша бејби спанаќ
1 мало авокадо
1 портокал
1 чаша кокосова вода
1 лажичка мед
чиа семиња
Подготовка:
Излупете го целото овошје и исечкајте го, па ставете ги сите состојки освен семето чиа во блендер и направете уникатна каша. Додадете семе од чиа во пијалокот, оставете го да стои околу 30 минути во фрижидер, а потоа уживајте во супер енергично смути. Ако имате голема количина, можете да ја преполовите или да ја оставите во фрижидер, и да ја консумирате во текот на денот.