ПУКАНКИТЕ СЕ ПОЗДРАВИ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИМЕ: Имаат ПОВЕЌЕ ЖЕЛЕЗО ОД СПАНАЌОТ, а помагаат и кај ОВИЕ БОЛЕСТИ

popara8 октомври, 20211min0
Screenshot 2021-10-08 222006

Кога станува збор за грицки, особено оние што се користат со филм и одмор, повеќето би рекле дека се целосно нездрави и треба да се исфрлат од секојдневната исхрана. Меѓутоа, ова не е случај со пуканките.

Пуканките се едни од најздравите грицки што можете да ги јадете, пишува „The Healthy“. Тие се полни со растителни влакна, имаат повеќе антиоксиданси од некои видови зеленчук и овошје, па дури можат да помогнат во борбата против ракот.

Совршени здрави грицки

Ако се одлучите за пуканки без маснотии, а не оние со путер што ги добивате во кино, и не оние од микробранова печка, сте ја одбрале совршената здрава закуска.

Малку калории

Најздравиот тип пуканки е оној „пржен“ во воздух. Едно истражување покажа дека средните и малите пуканки што ги купувате во кино имаат 1200 калории и околу 60 грама маснотии.

Поздраво од овошјето и зеленчукот

Точно прочитавте. Според анализата на списанието „Антиоксиданси“ од 2019 година, пуканките се полни со полифеноли кои дејствуваат како антиоксиданси и го намалуваат воспалението. Полифенолите се наоѓаат и во овошјето и во зеленчукот, но бидејќи пуканките содржат помалку вода отколку овошјето и зеленчукот, тие имаат поголема концентрација на полифеноли.

Меѓутоа, пуканките немаат многу други витамини и хранливи материи што ги содржат овошјето и зеленчукот, затоа не ги исфрлајте од вашата исхрана во корист на пуканките.

Помагаат во борбата против ракот

Една од многуте суперсили на полифенолите во пуканките е тоа што тие имаат способност да ги блокираат ензимите потребни за раст на ракот. Според она што го велат во Американскиот институт за истражување на ракот, тие го регулираат ширењето на клетките на ракот.

Бидејќи можат да помогнат да се спречи воспаление и таложење на плак на забите, храната богата со полифеноли, исто така, може да помогне во спречување на кардиоваскуларни заболувања.

Цело зрно

Пуканките се грицки кои се состојат од сто проценти необработени житарици од цели зрна. Една порција пуканки содржи околу 70 проценти од вашите дневни потреби за цели зрна. Плус, јадењето пуканки ќе ги внесе влакната потребни за варење без никаков труд.

Содржат повеќе железо отколку спанаќот

Не многу, но вистина е дека пуканките имаат повеќе железо отколку спанаќот. Пуканките содржат 0,9 милиграми железо, додека една шолја сиров спанаќ содржи 0,8 милиграми.

Разликата изгледа мала, но на возрасен човек му требаат 8 милиграми железо дневно. На возрасна жена и се потребни 18 милиграми дневно, поради загуба на крв за време на менструацијата. Речиси десет проценти од жените немаат доволно железо во крвта. Значи, изгрицкајте ја својата дневна доза железо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma