Истражувањата сугерираат дека луѓето кои рано се будат, обично легнуваат порано и уживаат во подолг, поквалитетен сон.
Станувањето рано може да ви даде повеќе време за вежбање, што поттикнува ендорфин, благодарение на што се чувствувате добро и што може да го подобри расположението, да го намали стресот и вознемиреноста и да го зголеми нивото на енергија.
Доволно спиење носи и други придобивки: подобрување на расположението, подобра концентрација, помалку шанси за дебелеење и други хронични болести.
Од друга страна, недостатокот на квалитетен сон може: да го ослабе вашиот имунолошки систем, што значи дека може почесто да се разболувате, да ја зголеми шансата за висок крвен притисок, срцеви заболувања и дијабетес.
Поздрава кожа
Ноќите без сон може да се рефлектираат на вашата кожа во форма на тенки линии, брчки, бледило и отечени или спуштени очни капаци. Недостатокот на сон исто така може да придонесе за појава на акни.
Покрај тоа, легнувањето порано ви дава повеќе време да направите добра нега на кожата, како што е миење на лицето.
Добриот сон помага да се одржи вашата кожа здрава. За време на спиењето, клетките на вашата кожа се обновуваат, додека зголемениот проток на крв и колаген помагаат во санирање на оштетувањата на кожата од УВ зраците.
Намалена видливост на подочниците
Сè додека го комбинирате раното станување со раното време за спиење за да не го жртвувате спиењето, може да се збогувате со темните кругови.
Тоа е затоа што темните кругови создаваат сенки од отокот под очите, а причината за тој оток е акумулација на течност поради недостаток на сон.
Ви помага да се концентрирате
Вашиот мозок не се буди во секундата кога ќе станете, па затоа обично се чувствуваме мрзоволно и дезориентирано кога ќе станеме.
Оваа инерција на сон е редовен дел од процесот на будење. Сепак, тоа може да трае околу еден час или повеќе, што ја отежнува концентрацијата и вршењето работи ако станете премногу брзо и излезете од вратата.
Будењето порано ви дава време да се разбудите целосно, така ќе бидете поконцентрирани.