Тоа влијае на изгледот, физичкото и менталното здравје
1. Хормоните се менуваат
Љубовта нè прави среќни, а тогаш нашето тело е полно со хормоните допамин и окситоцин, кои ги нарекуваат – хормони на љубовта и среќата. Кога некој ќе го скрши нашето срце, тогаш нивото на овие хормони драстично опаѓа, а нивото на кортизол и епинефрин (адреналин) – хормони на стресот – се зголемува. Тие не вознемируваат.
Ако хормонот на стрес остане на високо ниво и тоа не се промени, способноста за создавање нови спомени се намалува. Можеби тоа е начинот на кој нашето тело, поточно мозокот, се справува со стресот – така што заборава некои работи.
2. Имунолошкиот систем слабее
Високото ниво на стресните хормони по раскинувањето на љубовната врска влијае негативно на нашиот имунитет, и тогаш сме повеќе склони кон болести, на пример, настинки, инфекции…
Стресот и „скршеното срце“ предизвикуваат нашето тело да произведува помалку бели крвни клетки, кои се т.н. војници кои се борат против инфекциите.
3. Зголемување на телесната тежина
Кога животот нè обзема, промените на хормоните и падот на имунитетот предизвикуваат одредени промени и во нашата исхрана. Телото почнува да бара одредена храна, најчесто мастии, јаглехидрати и слатки и солени јадења. Сето ова води до зголемување на телесната тежина.
Зголеменото ниво на кортизол во телото се карактеризира со зголемена акумулација на маснотии во стомакот. Се верува дека кортизолот ја зголемува желбата за одредена храна, што всушност го стимулира производството на серотонин, што може да го неутрализира стресот.
4. Доаѓа до сексуална дисфункција
Нормално е човекот да нема желба за секс кога се чувствува скршено. Сепак, дури и кога ќе започнеме да се чувствуваме подобро по болно раскинување, се случува да се појави одредена сексуална дисфункција, телото да стане помалку чувствително на дразбите. Кај мажите, тоа дури може да доведе до еректилна дисфункција.
Скршеното срце исто така ги влошува предменструалните синдроми, па дури може да и го отежни забременувањето на жената.
5. Се јавуваат промени на кожата
Зголемувањето на нивото на хормонот на стресот може да ја влоши состојбата на нашата кожа. Се појавуваат псоријаза, розацеа или акни, што пак прави да се чувствуваме уште полошо.
Подобрувањето на состојбата на кожата е знак дека се опоравуваме од раскинувањето и дека претстојат подобри и посреќни денови.
6. Мозокот не работи правилно
По болно раскинување, се јавува конфузија во главата, како мозокот да не работи правилно, како да не сме во состојба правилно да размислуваме. На пример, ја облекуваме маичката наопаку, го ставаме телефонот во фрижидер, забораваме на важните состаноци што сме ги планирале со недели
Кога некој ќе го скрши нашето срце, телото реагира со чувство на конфузија, мозокот е расеан и фокусиран на тагата што ја чувствуваме. Но, во тие моменти, треба да бидете свесни дека ќе помине и дека нема да полудиме.
7. Се јавува депресија
Емоциите се силни. Силно ја чувствуваме тагата и осаменоста. Сето ова може да доведе до депресија бидејќи чувството на напуштеност и тага доведува до колапс на самодовербата и чувство дека светот околу нас се распаѓа и нема кој да ни помогне и да го олесни тоа.
Важно е во овие моменти да се обидете да бидете свесни дека тоа води кон депресија и да разговарате отворено со некого. Секој понекогаш има потреба од охрабрување и рамо за плачење – тоа е нормално и човечко.