Популарното дуо од Париз „Daft Pank“ официјално престана да постои.
Оваа вест растажи многу обожаватели ширум светот, со кои се „поздравија“ со видеото наречено „Епилог“ објавено на 22 февруари на нивниот официјален канал на ЈуТјуб.
Томас Бангалтер и Гај Мануел де Омем-Кристо прочитаа во пораката проштално збогување а потоа едниот се самоуништи.
Одлуката за запирање на „Daft Pank“ беше потврдена за Би-Би-Си од менаџерот на бендот.
„Daft Pank“ поседува некои од најпопуларните песни направени досега. Бендот е основан во Париз во 1993 година. Нивниот деби-албум „Homework“ од 1997 година беше обележје за танцувачката музика и се смета за еден од најуспешните во историјата на танцовата музика.
Преку познатите хитови “One More Time”, “Da Funk” и “Around The World”, “Get Lucky” и други, тие ја претставија светската француска хаус сцена. Тие соработуваа со некои од најголемите музички sвезди, вклучувајќи го и „The Weeknd“.
Во 2014 година, „Daft Pank“ освои Греми за најдобар албум – “Random Access Memories”.
Членовите на бендот беа препознатливи по визуелниот и вокалниот идентитет. Тие скоро никогаш не беа видени во јавноста без роботска опрема, а во повеќето песни користеа компјутеризирани вокали.