Раздор помеѓу Хари и Меган: Принцот повторно застана на страната на кралското семејсво?

2 февруари, 2021
profimedia-0474903081

Во медиумите долго се расправаше дека принцот Хари ќе се врати во Велика Британија по повеќе од една година отсуство, за да присуствува на прославата на 95-от роденден на кралицата Елизабета, 100-от роденден на принцот Филип, но и 60-годишнината од роденденот на неговата покојна мајка, Принцезата Дајана. Иако неговата сопруга, Меган Маркл наводно сторила сè што е во нејзина моќ да го задржи Хари во САД што е можно подолго, Хари е решен да го посети кралското семејство и овој пат нема да дозволи Меган да го одврати од тоа.

Сепак, Меган возвратила велејќи му дека таа и нивниот син, малиот Арчи, кого кралското семејство не го виделе од март, нема да одат на прославите со него.

Иако сè уште не ги објавија официјалните планови за патувања што планираат да ги продолжат оваа година, војводата од Сасекс, тврди близок извор, дефинитивно нема да патува со неговиот син во Велика Британија.

„Меган првично планираше да не доаѓа со Хари на прославите за да не го привлече целото внимание од кралското семејство врз себе и да предизвика нов бран критики на нејзина сметка, коишто и ја натераа да избега од Англија“, рече изворот.

Тој исто такадодаде дека друга причина за нивната одлука да не одат заедное тоа што тие не сакаат да ја повторат непријатната ситуација,којашто се случи при извршувањето на нивната последна кралска должност пред да заминат за Америка, кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон речиси целосно ги игнорираа на церемонија во чест на Комонвелтот. Изворот објасни и дека Меган всушност се плаши дека медиумите, доколку се појави на свеченоста, ќе сакаат да направат „драма“ од тоа, што ќе ја засени радоста за родендените на кралицата Елизабета и принцот Филип.

Иако се испостави дека Меган одбива да го види кралското семејство затоа што мисли на нивната благосостојба, кралските експерти не штедеа на критики за овој потег. Така, Кевин О’Саливан и Чарли Ре, кои водат радио-емисија за кралското семејство, го опишаа потегот на Меган како „зачудувачки и бесрамен чин на непочитување на кралицата, која ги поканила Хари и Меган на заедничка прослава“. Тие сметаат дека тимот на Меган ги објави овие информации, за да ја подготви јавноста да не ги очекува заедно во Велика Британија.

escort - Korsan taksi