РАЗЛАДЕТЕ СЕ И КОГА Е ЖЕШКО: 5 совети со кои ќе спиете како бебе дури и во најтоплите летни ноќи

popara3 јули, 20211min0
324014_spavanje-noc-shutterstock-1301386810_ff

Го знаеме тоа непријатно чувство кога ноќите се премногу жешки, а нам толку ни се спие, но сепак, не можеме да заспиеме …

Не треба да спиете со вклучена клима или вентилатор, за да не настинете, но има неколку совети што ги препорачуваат експертите.

И, најдобро од сè, тие работат!

  • Прво: замрзнете ја постелнината! Ставете ги чаршафите во пластична кеса или торбичка и ставете ги во замрзнувач додека, на пример, миете заби пред спиење. Не ги оставајте таму премногу долго, туку само додека не се оладат. Направете кревет и подгответе се за добар сон.
  • Мраз? Велат дека работи! Ако се борите со топлината, земете го мразот од замрзнувачот, завиткајте го во крпа и ставете го на креветот каде ви е најудобно. Можете исто така да наполните шише со мраз.
  • Топла бања дефинитивно ќе ви помогне пред спиење. Не ладна, но навистина топла. Топлиот туш ја пренасочува крвта од јадрото на организмот кон периферијата, т.е. во кожата и ослободува топлина од телото. Исто така, се наведува дека топла бања најмалку четири пати неделно може да го намали крвниот притисок, како и ризикот од дијабетес тип 2!
  • Пред спиење задолжително испијте чаша ладна вода. Вашето тело ќе биде хидрирано и загубата на вода како резултат на потење ќе се надомести.
  • Грижете се каде и во што спиете: постелнината направена од памук, лен и бамбус е вистинскиот избор за вас, а оставете сатен и свила за поладни денови. Исто така, изберете памучни пижами и не треба да спиете со домашни миленици, бидејќи ќе ви биде многу потешко да одржувате пријатна телесна температура за спиење.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma