Рецепт за ќофтиња во сос од домати по бабин рецепт: Јадење создадено за уживање

popara9 октомври, 20212min0
shutterstock337451099-830x0

Нивната подготовка е многу едноставна, и ако го следите овој рецепт, добриот резултат сигурно нема да изостане кај ќофтињата во сос од домати

Секоја домаќинка сака да подготви ручек што секој на масата ќе го пофали. Сепак, често се случува и покрај големата волја, да недостасува инспирација. Едно од јадењата кои никогаш не може да бидат здодевни и што ќе го задоволат непцето на оние најпребирливите се ќофтињата.

Ќофтиња може да се подготват во различни сосови, а оние во сос од домати станаа синоним за јадење на домашната кујна кое ги грее и душата и телото.

Нивната подготовка е многу едноставна, и ако го следите овој рецепт, добриот резултат сигурно нема да изостане.

Состојки за ќофтиња:

500 гр мешано мелено месо

2 чешниња лук

1 главица кромид

2 лажици магдонос

1 јајце

Сол, бибер, зачини по желба

Состојки за сос:

50 мл масло

3 лажици брашно

500 мл сос од домати

500 мл вода

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 лажичка црвен пипер

Подготовка:

Ситно исечкајте ги магдоносот, кромидот и лукот и ставете ги во подлабок сад. Додадете го меленото месо, јајцето и зачините и измешајте се убаво. Оформете ги ќофтињата со раце и наредете ги на чинија, па ставете ги во фрижидер. Загрејте тава и истурете масло, потоа додадете брашно и пржете го до златно кафеава боја, а потоа додадете го сосот од домати. Постепено, на средна температура и со мешање, додадете вода, потоа додадете зачини по вкус и шеќер. Со шеќерот ја регулирате киселоста на доматите, затоа не го прескокнувајте. Кога сосот ќе зоврие, ставете по едно топче месо во тавата. Намалете ја температурата и оставете ги сосот и ќофтињата да се динстаат на тивок оган околу 40 минути. Послужете ги готовите ќофтиња во сос од домати со пире од компири или вашите омилени тестенини.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma