Рецепт за ЛОКУМАДЕС, крофнички кои мамат на УЖИВАЊЕ

popara23 јули, 20211min0
1c7eef8ee10248c344fd45859fac8dc5fc465e04

Необичен десерт кој се подготвува многу едноставно!

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

  • 350гр брашно
  • 250мл топла вода
  • 5 гр сув квасец
  • Сол
  • 100гр шеќер
  • Масло за пржење

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

  • 100гр мед
  • 200мл вода
  • Сок од еден лимон
  • Цимет
  • 40 гр сечкани ореви

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во чинија ставете брашно, квасец, шеќер, сол и вода. Замесете глатко тесто и оставете го околу еден час да отстои. Од тестото направете мали топчиња и наредете ги на тацна. 
  2. Добро загрејте масло и пржете ги топчињата од тесто. Кога ќе поруменат ставете ги на хартиена салфета да ја впие маснотијата. 
  3. Згответе прелив од мед, вода и сок од лимон. Сервирајте ги топчињата на чинија, прелијте ги со врел прелив и посипете ги со цимет и ореви.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma