Рецепт за топол сендвич кој ќе го обожавате: Неодолива комбинација на кашкавал и крцкава сланина

popara25 август, 20212min0
sendvici-830x0

Овој топол сендвич сигурно ќе стане омилен оброк во вашата куќа

Ако барате рецепт за брз појадок што ќе го обожаваат и вашите малечки, вие сте на вистинското место. Подготовката на овој сендвич не бара многу време, а како финален производ, ќе добиете вкусно јадење што ќе ве воодушеви.

Со додатокот на кашкавал и сланина, овој сендвич станува вистинско уживање за гурманите.

Во зависност од тоа за колку луѓе го подготвувате овој оброк, можете да ја зголемите храната.

Состојки:

1 кришка леб

Кашкавал

Сланина

2 јајца

10 гр путер

Половина лажичка магдонос

Кечап

Подготовка:

Исечете ја кришката леб на два еднакви делови. Изматете ги јајцата во сад и додадете сол и магдонос. Загрејте тава, потоа ставете го путерот да се растопи. Истурете ги јајцата во тавата и веднаш ставете ги двете половини од лебот, кои ќе ги потопите во јајцата од двете страни и ќе ги оставите во тавата.

Кога јајцата ќе поруменат, превртете ги на другата страна.

Во друга тава ставете ги листовите сланина да се пропржат, а кога ќе станат крцкави тргнете ги од страна.

Кога ќе биде готова и долната страна на јајцето, полека префрлете ги сите рабови навнатре со вилушка. Одозгора премачкајте го со кечап, па наредете ги кашкавалот и сланината.

Свиткајте го сендвичот на средина и ставете го на чинија.

Послужете го топлиот сендвич со вашата омилена салата.

На здравје!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma