Решила да ги освои социјалните мрежи: Анџелина Џоли направи профил на Instagram и сподели писмо од исплашена Авганистанка (ФОТО)

popara21 август, 20215min0
Screenshot_1

Анџелина Џоли отворила профил на Инстаграм, за да може да проговори за опасната ситуација во која се наоѓаат жените, девојките, децата, но и мажите во Авганистан.

Актерката, хуманитарка и добитничка на Оскар, својата прва објава ја посветила на моменталната ситуација во Авганиста, бидејќи Авганистанците бараат сигурност од Талибанците после повлекувањето на американските војници.

„Ова е писмо кое го добив од тинејџерка во Авганистан. Моментално жителите на оваа земја ја губат способноста за комуникација на социјалните мрежи и можноста за слободно изразување. Затоа дојдов на Инстаграм, да ги споделам приказните и гласот на оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права“, напишала Анџелина покрај фотографијата со рачно напишаното писмо.

„Бев на границата со Авганистан две недели пред 11-ти септември, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои бегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците се преселуваат од стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Да потрошите толку време и пари, да се пролее крв и да се загубат животи само за тоа да се повтори, речиси е невозможно да се разбере. Со децении беше болно да се гледа како бегалците од Авганистан, некои од најспособните луѓе на светот ги третираат како товар. Знаејќи дека ако имаа услови и почит, ќе направат многу за себе. Запознав толку девојки и жени кои не само што сакаа да се образуваат, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружиш“, ѝ порачала на Анџелина.

Многу фанови ѝ пружиле поддршка и ѝ се заблагодариле во коментари, а Анџелина на Инстаграм за само неколку часа ја заследиле повеќе од 1 милион корисници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma